Владата објави оглас за НВО организации кои сакаат да згрижуваат деца од улица, ќе бидат помогнати со 100.000 денари месечно!

0
758

Врз основа на член 158 и член 159 од Законот за социјална заштита (“Сл.весник на РМ“ бр. 79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16)  и Правилникот за начинот и постапката за доделување на средства на здруженија на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07), Министерството за труд и социјална политика, објавува

ЈАВЕН КОНКУРС

за поддршка на Проект на здружение за социјална заштита на деца на улица

  1. Цел на проектот

–    обезбедување на вклучување на децата на улица во општеството;

–    редуцирање на негативните влијанија на улицата врз децата и нивниот развој;

–    зајакнување на системот за заштита на децата на улица и промовирање на вонинституционалната форма на социјална заштита -Дневен центар за деца на улица.

  1. Активности

–    обезбедување на храна, облека и хигиенски средства за потребите на децата;

–    обезбедување на медицинска нега и едукација за здравствената заштита;

–    мотивација и подготовка на децата и нивните родители за вклучување во редовниот образовен систем;

–    обезбедување на помош и поддршка за надминување на проблемите во училиште за децата кои веќе го посетуваат;

–    организација на активности за развој на социјалните вештини на децата;

–    посета на семејствата на децата

–    реализирање на теренски активности и работа со децата на самото место (раскрсници,семафори и другите места)

–    поддршка на работењето на државниот центар за деца на улица – Гази Баба.

  1. Критериуми за учество

–    искуство во работа на проблемот на деца на улица

–    расположливи човечки, просторни и технички ресурси и

–    да не добиле средства или поднеле пријава за добивање на средства од/до друг орган на државната управа или единици на локалната самоуправа за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори;

  1. Потребни документи

–    пријава;

–    Предлог- проект со детален опис на активностите со конкретен работен план за имплементација и период на реализација на проектот, со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели, активности и услуги дефинирани во јавниот конкурс;

–    детална финансиска структура на активностите во рамките на вкупните средства кои се предвидени за реализација на проектот;

–    регистарски број и број на решението на здружението, издадено од Министерството за труд и социјална политика;

–    полн назив и адреса на останатите субјекти со јасно дефинирани активности  во текот на реализација на проектот;

–    број на трансакциска сметка на здружението;

–    список со име и презиме на лицата кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот, како и нивната квалификациона структура и нивното професионално искуство (биографија на лицата);

–    име и презиме и податоци за контакт на одговорното лице за реализација на проектот;

–    информации за работното искуство во областа  на социјалната заштита, согласно со барањата и потребите од јавниот конкурс.

Напомена:  Пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат              

  1. Висина и средства кои се доделуваат и временскиот период во кој ќе се извршуваат работите

–    Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди финансиска поддршка во износ од 100.000,00 денари (сто илјади денари)  вкупни месечни трошоци за работењето на дневниот центар, во период од склучување на договор заклучно со 31.12.2017 година, додека останатите трошоци за имплементација на проектот треба да ги покрие здружението кое ќе биде избрано;

–    во предлог-проектот задолжително треба да се наведе износот и видот на средствата кои ќе ги обезбеди здружението за имплементација на проектот.

  1. Селекција и избор на најдобриот Проект

–    селекцијата и изборот ќе се врши согласно Правилникот за начинот и постапката за доделување  на средства на здруженијата на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07) и согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија и фондации утврден од Владата на Република Македонија;

–     ќе се смета за предност соработка со локалната самоуправа на полето на социјалната заштита на оваа категорија на граѓани;

–    ќе се смета за предност доколку во проектот се идентификува можниот (очекуваниот) број на корисници со преглед на услуги испорачани до истите при што предност ќе се даде на оние проекти кои што ќе обезбедат поголем опфат на корисници

–    предност  ќе имаат општините каде процентот на застапеност на деца на улица е најголем.

  1. Рокови за спроведување на постапката

–    конкурсот трае 5 дена од денот на објавувањето;

–    крајниот рок за доставување на апликациите е до 16 часот на последниот ден на конкурсот;

–    Комисијата за соработка со здруженијата во рок од 30 дена по истекот на рокот за поднесување на пријавите изготвува мислење до министерот за труд и социјална политика;

–    Министерот за труд и социјална политика во рок од 15 дена по доставувањето на мислењето од страна на Комисијата за соработка со здруженијата, донесува решение за доделување на средствата и писмено ќе ги информира сите апликанти за крајниот резултат;

–    договорот за меѓусебните права, обврски и одговорности во реализацијата на финансиската поддршка на здружението, министерот за труд и социјална политика ќе го склучи во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението за доделување на средствата и

–    пријавата со приложените документи треба да се достават до архивата или преку пошта на Министерството за труд и социјална политика на адреса ул.“Даме Груев“ бр.14-Скопје-Kомисија за соработка со здруженија, во затворен плик, со назнака за Јавниот конкурс за поддршка на Проект на здружение за социјална заштита на деца на улица.

Напомена: Пријавите кои ќе пристигнат по предвидениот рок за доставување нема да се разгледуваат.

Здруженијата кои ќе бидат поддржани од страна на Министерството за труд и социјална политика, имаат обврска на сите материјали (печатени и електронски) кои ќе бидат продуцирани во рамки на тој проект на видно место да стои:

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

TrudIsocijala