ВЛАДАТА НАЈОСТРО ГИ ДЕМАНТИРА ТЕНДЕНЦИОЗНИТЕ НЕВИСТИНИ ЗА НАВОДНО ОТСТАПУВАЊЕ ОД ПРОТОКОЛОТ ЗА ИНТОНАЦИЈА НА ДРЖАВНАТА ХИМНА

0
262

Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира и го отфрла како дезинформација објавеното на повеќе медиуми и портали за наводно намерно изоставање на одредени делови односно стихови од химната на Северна Македонија за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков.

Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали.

Оттука, дезинформација е дека химната односно стихови од химната биле скратени од било кои причини специфично за оваа посета.

Дезинформација е дека било кој стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии.