Министерството за локална самоуправа идната недела ќе го објави вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари (околу 240 милиони денари), изјави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.
Таа додаде дека и вториот повик, како и првиот, ќе поддржи проекти во областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, социјалната политика и образованието.
„Ова е показател дека пред нас е градежен бум во сите општини, во сите региони на нашата земја. Ветивме развој на општините, тоа и го реализираме“, рече Митева.