ВЛАДАТА И ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СЕ ГОЛЕМИ ОПТИМИСТИ ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, СИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ НА СТРАНА НА МАКЕДОНИЈА, ВМРО-ДПМНЕ И МИЦКОВСКИ РОВАРАТ ПРОТИВ ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ

0
653

Се уште постои можност да добиеме одлука за почеток на преговори, вели за Фокус висок владин функционер, кој воедно е член на македонската делегација во Брисел, каде до утре треба да се донесе дефинитивна одлука дали земјава ќе добие датум за преговори со Европската унија.

-Се бориме овде и се убедуваме. Сите аргументи се на наша страна. Ќе биде тежок и напорен ден денеска, но не ја губиме надежта. Постои опција Северна Македонија да добие одлука за почеток на преговори. Жалам за тоа што го прави опозицијата на штета на државата. Овде ни кажаа се што прават – вели тој.

Инаку, францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Северна Македонија и Албанија треба да бидат трпеливи и уште малку да почекаат за датум за преговори, додека германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека шансите за постигнување на согласност за датум за преговори со двете држави „не се добри“.