ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ДОНЕСОА ОДЛИЧНИ МЕРКИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ЗЕЛКА

0
174

На денешната седница, Владата на Република Северна Македонија донесе интервентна мерка наменета за стабилизирање на пазарот со зелка од домашно производство. Корисници на оваа интервентна мерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Финансиската поддршка во износ од 3 денари по килограм, ќе се исплати за количини кои се продадени во периодот од 05. април до 05. мај 2020 година. Со оваа интервентна мерка ќе се стабилизира пазарот со зелка кој во месец април беше дестабилизаран поради намалување на побарувачката и откупната цена,  како последица од вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.

Исто така, на денешната седница се усвои и Програма за изменување на Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година.

Со усвојувањето се овозможи префрлање на средства во висина од 110.000.000,00 милиони денари од Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

Со средствата кои се пренаменети ќе се изврши исплата на заостанатите обврски кон земјоделците.