Денеска на владата и поставија стапица, вмровецот од Канада, Бил Николов со отворањето на клубот во Благоевград креираше замка во која за среќа не улетаа Пендаровски, Ковачевски, Османи и Маричиќ. Замката ја знаеше Мицковски и тој денеска ја манипулираше јавноста и се преставуваше како херој што отишол и ги навредуваше Пендаровски, Ковачевски, Османи и Маричиќ како кукавици и предавници но се работи за една многу внимателна замка во која владата не смееше да нагази.
Имено во демократските односи земјите не комуницираат унисоно и надвор и внатре, мора да се земат во предвид меѓународните односи и внатрешните политички моменти.
Ако Пендаровски, Ковачевски, Османи и Маричиќ отидеа во Бугарија тоа ќе значеше дека земјата се меша директно во Бугарија во врска со нашето малцинство, нешто што сме го потпишале во договорот за пријателство со што ќе значеше и официјално дека договорот го прогласуваме за неважечки, тоа ќе значеше веднаш вето на патот на земјава во ЕУ. Тоа ќе беше неверојатен пех и пораз за нашата земја.
Но не е само тоа причината. Ајде да го занемариме ова погоре за момент и да го гледаме и вториот аспект од евентуална висока политичка делегација на земјава во Благоевград, тоа ќе значеше присуство и на висока бугарска делегација на настанот. Тоа ќе предизвикаше две големи последици и во Бугарија и кај нас дома, имено;
- во Бугарија јавното мнение ќе ја казнеше владата за тоа и ќе паднеше владата и на власт ќе дојдеа многу порадикалните Џамбаски и оној прорускиот фанатик од Обнова кој пред неколку дена ја навреди нашата земја и нашиот народ, тоа ќе беше катастрофа за нас, тие не можат да не смислат и како земја и како народ
- во земјава ќе мораше во иднина да се воведе правило и на идните бугарски клубови кои ќе се отвораат ширум земјава да им дадеме дозвола да дојдат бугарските високи функционери и ние ќе мора да им правиме друштво со наши високи функционери што ќе беше катастрофа за нас, ќе мораше наши премиери и претседатели да присуствуваат на клубови со име Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Цар Борис итн итн…
Вака, настанот помина како што помина, Мицковски и Апасиев се направија големи херои иако токму СДСМ и ДУИ им овозможија да отидат во Благоевград на таков настан со помош на договорот за добрососедство кој тие сакаат да го укинат односно репреговараат?!?!
Значи да заклучиме, државничката одговорна политика не се сведува на избрзани емоционални потези со многу галама а малку аир на крајот, туку обратно, некогаш властите ќе истрпат како денеска и негативни поени за на долг рок народот и државата да видат бенефит како старт на пруга вредна 600 милиони евра од кои над 100 милиони се грант од ЕУ што ќе ни овозможи низ земјава да пиоминуваат два коридори, сегашниот од Солун кон Белград и нов од Драч до Бургас со што земјава стратешки ќе стане вистински крстопат на балканот со што ќе добиеме на значење на балканот и нашата економија ќе стане посилна од тие трговски можности со најефтиниот можен транспорт на светот а тоа е железницата да можете да пренесете милиони тони нафта, јаглен, руда, метали, коли, земјоделски производи, вино, тутун и се што ние извезуваме и увезуваме или нашите соседи ќе сакаат да увезат а скапо им е да го носат со брод од Бургас до Драч туку поефтино им е од Софија да го носат со воз до Тирана на пример и обратно…
Исто така со мудрата политика на владата, Бугарија мораше да отстапи и да попушти и да дозволи ФРОНТЕКС да се потпише на чист македонски јазик без разни додавки дека тоа е јазик според уставот итн итн, нешто што досега беше незамисливо затоа што за Бугарија нашиот јазик е само официјален но реално непостоечки?!?!
Значи со овие мудри потези нашата влада и Пендаровски мудро играат и ја оставаат Бугарија на бришан простор да не може да се брани пред светот дека ние им се мешаме, дека во земјава правиме некаква тортура врз Бугарите, дека им крадеме историја, дека се однесуваме агресивно кон нив, паднаа во вода сите тие обиди на Бугарија да го оправдаат пред светот нашето кочење. Се плашам дека ако Мицковски се врати на власт, земјава ќе стане пак лошо момче на балканот и ќе се вратиме во ерата на национализмот, популизмот, со што пак ќе станеме слепо изолирано црево на балканот додека Мицковски ќе се удира во градите како Грујо дека е голем патриот и татко на нацијата дрн дрн приказни за мали деца. Се гледа дека Мицковски учел политика од Груевски, плукнат Грујо, цело време го имитира во неодговорното однесување, нема дилеми дека ако му дадеме власт ќе биде и диктатор и мафијаш и тешка неодговорна будала која ќе не скара со сите соседи и со западот а и дома пак ќе се вратат настаните на Кале, Смилковско, Диво Насеље, масовни крвави тепачки по автобуси и на стадиони…