ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАЗНИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ КАДЕ НАЈВИСОКА КАЗНА ЌЕ БИДЕ ДО 250 ЕВРА

0
654

Не се намалуваат казните за животозагрозувачки прекршоци, кои остануваат исти.(Фото: Влада)

Највисоката казна за сообраќаен прекршок ќе биде 250 евра, а најниската 15 евра. Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на казните за сообраќајни прекршоци односно ги усвои предлози и измени на серија закони на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Закон за прекршоци.

Не се намалуваат казните за животозагрозувачки прекршоци, кои остануваат исти, а се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Со измените се продолжува на рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години.

Се воведува мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.