ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДА СЕ ОДЛОЖИ ДЕЛ ОД КОНЦЕПЦИЈАТА ЗА СЕДМО, ОСМО И ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

0
121

Се става одложување на имплементацијата на дел од концепцијата што се однесува за седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите, изјави министерката Весна Јаневска.

„Ова решение всушност ќе овозможи да надминеме еден сериозен проблем наталожен долги години. Веќе наназад неколку години вие знаете на недостаток на учебници. Секојдневно макотрпно работевме на изнаоѓање решение за овој проблем, дадовме максимални напори. Секојдневно бевме во комуникација, се среќававме со Бирото за развој на образование за да изнајдеме решение и конечно тоа и се случи и со силни барања, со силни напори, успеавме да обезбедиме всушност учебници за децата и оваа година.

Станува збор за седмо одделение, нагласувам и оваа година учениците во Македонија ќе имаат учебници за разлика од претходните години, кога процесот на креирање, печатење, одобрување на учебници од за нас навистина непознати причини, а претпоставувам повеќе познати на јавноста причини беше неодржлив, променлив, со бројни промени во повиците со грешки во учебниците и така натаму“ додаде Јаневска.

Таа најави дека после одлуката на оваа влада, ќе почнат со позитивни промени.