ВЛАДАТА ДЕНЕСКА ЌЕ РАСПРАВА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС; ТИМОТ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ЌЕ ГО БРАНИ ПРЕДЛОГОТ НА СЕДНИЦА НА ВЛАДА!

0
573
Владата на денешната седница ја задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да подготви детален писмен предлог со мерки и пpeпopaки за воведување најстроги рестриктивни мерки во врска со спречувањето, внесување и ширење на корона вирусот.

Според владиното соопштение, ваквите најстроги рестриктивни мерки се однесуваат на забрана и посебен режим на движење за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење итн.

Инаку, на седницата на Владата што ќе се одржи утре треба да присуствуваат двајца епидемиолози кои ќе ги определи министерот за здравство Венко Филипче, со цел да ги образложат предложените мерки и препораки.

Истовремено, владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија да направат детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на Ковид-19.

„Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против нив да биде поведена соодветна постапка. Трошоците за време на престојот во државен карантин ќe бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка. За ова, се задолжува Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапката за спроведување во државен карантин“, соопштија од владата.