– ЕСМ ќе купи струја од ТЕТО, ТЕТО со парите ќе купи гас и така БЕГ ќе добие топлинска енергија и со тоа ќе се решат проблемите. ЕСМ и БЕГ ќе соработуваат по барање на БЕГ затоа што БЕГ прогласи бувквално неможност да ги исполни обврските како лиценциран обезбедувач на топлина на Скопје. ЕСМ ќе отвори посебна сметка за соработката со БЕГ. ЕСМ ќе се вклучи во обезбедувањето на топлина во Скопје преку своите топлани во Железара, добро познатото железарско парно кое е најтопло во Скопје.
Ова за јавноста го соопштија министрите Битики и Бектеши.