ВИСТИНАТА ЗА ОФИЦЕРСКИ ДОМ КОНЕЧНО НА ВИДЕЛИНА: САМСОНЕНКО ЛАЖНО ОБВИНУВАЛ БИЗНИСМЕНИ ЗАТОА ШТО НЕМАЛ ПАРИ ДА ГРАДИ?!?!

0
999

Еден од најголемите проекти во времето на Груевски беше Скопје 2014-та. Еден од објектите кои беа планирани беше возобновувањето на Офицерски Дом во пакет со хотел на плоштадот. За таа цел министерство за култура на аукција го продаде земјиштето од 6200 квадрати по цена од 100е за квадрат или вкупно 620 000 евра. Како купувач се јави грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас, кој е добро познат на македонската јавност со зделки во бизнисот со горива. Три години подоцна Кондоминас беше уапсен во Грција во аферата ПОСТБАНК. Веднаш потоа тој се откажа од градење на Офицерски Дом.

Потоа проектот го презеде рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко кој од Русија се пресели во Скопје и почна да се расфрла со големи пари во спортот и во македонската економија. Тогаш тој даваше изјави дека фирмата Сис Инвестмент Груп ја купил со многу долгови, блокирана сметка и многу обврски кон доверители и судски постапки но сепак даваше оптимистички изјави дека ќе инвестира околу 40 милиони евра во Офицерски Дом и дека проектот ќе биде готов за година две. Но тоа не се случи.

Компанијата инвеститор многу бргу падна во стечај а Самсоненко јавно обвинуваше дека бизнисменот Миле Кратер и поранешниот директор на фирмата инвеститор Ратко Капушевски сакале незаконски да му го украдат објектот со лажни фактури?! Но сепак на крај тоа не се случи и Самсоненко успеа да го спаси објектот и да најде пари за да гради. Фокус дознава дека во проектот влегла бугарска фирма зад која стои бизнисменот Орце Камчев. Во интервју за Фокус во 2019-та, Самсоненко даде бомбастични изјави дека злосторничко здружение на извршители нотари судии обвинители адвокати стечајни управници и бизнисмени сакале да му го украдат Офицерски Дом. Тој тогаш прстот го впери кон бизнисменот Миле Младеновски сопственик на фирмата Кратер и поранешниот директор на Сис Инвестмент Груп, Ратко Капушевски.

– Планер на целата пљачка е Ратко Капушевски а Миле Кратер е еден од извршителите – велеше Самсоненко во 2019-та. Сепак ништо од тоа не се случи, се чини дека откако најде финансиер тој продолжи да гради, значи позадината била дека немал пари да гради па барал виновници за тоа што фирмата му одела кон стечај?! Доказ за тоа е и тоа што ОЈО ги одбило кривичните пријави што тој ги поднел во 2020-та затоа што утврдиле дека немало докази за никаков криминал! И тоа кривичната пријава не била одбиена еднаш туку три пати, еднаш од основното обвинителство, еднаш од обвинителството за организирна криминал и трет пак од основното обвинителство откако му била уважена жалбата до вишото јавно обвинителство па случајот бил пак вратен на разгледување во основно јавно обвинителство.

Самсоненко ја изгубил и правната битка против Кратер во стечајната постапка, не успеал да го оспори долгот од 3,8 милиони евра. Фокус дознава дека подоцна Самсоненко успеал да се договори со Кратер и да им плати со хипотека на градежно земјиште вредно 2 милиони евра. Со тоа паѓаат во вода обвинувањата дека имало некакво злосторничко здружение кое сакало да го опљачка, самиот седнал и му платил на Миле Младеновски. Дали сега ќе им се извини на Миле Кратер и Ратко Капушевски за лагите искажани кон нив?! Повеќе за сето ова во најновиот број на ФОКУС.МК