Високи дипломати од ЕУ и САД напомош за избор на петтиот член на ад-хок телото

0
844

Средбата за избор на петтиот член вечерва продолжува откако по попладневниот неуспех се ангажираа високи дипломати од ЕУ и САД за да посредуваат во изнаоѓање решение, дознава Нова ТВ.

Во меѓувреме, во Брисел се одлучува дали постои потреба еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, да допатува во Скопје.

Партиите не можат да најдат консензус за петтиот член на ад-хок телото за следење на медиумското претставување.

Ноќеска на полноќ истекува рокот за избор на петтиот член и не се знае кога ќе се екипира ад-хок телото за контрола на медиумите во предизборната кампања.