- Јас сметам дека во моменталното друштво на СДСМ мора под итно да размисли за реформи, кога веќе зборуваме за некакви реформи во државата затоа што сметам дека се едно добро друштво за журки во Дубаи и ништо повеќе.
Но како и да е небулозни се сите овие изјави и мислам дека веќе граѓаните не веруваат во она што го гледаат, смешни се и од друга страна крајно време е сериозно да се зафатат со работа, не цело време да зборуваат вака требало или онака требало. Дечки до вчера бевте на власт, а како што требаше да си ги сработите работите не си ги сработивте, оставете не да работиме.
Можеби е ваша задача да критикувате како опозиција но гледаме дека моментално фокусот е кој пејач да го викнат на журка и ништо повеќе од тоа, така што еве предновогодишна атмосфера е па може слободно да се фокусираат на тоа убаво да си поминат за новата.
Викторија Трајков во ,,Лидер”