Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

ВИКТОРИЈА ТРАЈКОВ НА СРЕДБА СО СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРАТЕНИК НА УНГАРИЈА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗОЛТ БУНФОРД

Македонија и Унгарија негуваат традиционално пријателство и партнерство. Нашата земја ја очекува поддршката од Унгарија за скоро отварање на преговорите со Европската Унија и изнаоѓање решение на спорот со Бугарија. Ова го истакна заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, проф. д- р Викторија Трајков на средбата со Золт Бунфорд, специјален пратеник на Унгарија за Западен Балкан и еден од најистакнатите поборници за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Проф. д-р Трајков ги истакна досегашните достигнувања на нашата земја во делот на евроинтегративните процеси, опишувајќи ги како јасен доказ за посветеноста на нашата земја на патот кон ЕУ. Заменик министерката истовремено изрази благодарност за постојаната поддршка на Унгарија за нашите интегративни процеси.

„Мисијата на нашата Влада е јасна и недвосмислена, да ја забрза интеграцијата во ЕУ, одлучно да се бори против организираниот криминал и корупцијата, да ја зајакне граѓанската држава заснована на владеење на правото и да ја подобри економската и социјалната благосостојба на граѓаните“, истакна проф. д-р Трајков по средбата со Бунфорд.

Бунфорд ги пофали досегашните активности на македонската влада истакнувајќи ја посветеноста на реформските процеси. Од страна на специјалниот пратеник на Унгарија за Западен Балкан беше потврдена посветеноста на Унгарија за зајакнување на стабилноста и економскиот развој на регионот.

Средбата дополнително ја потврди заедничката заложба за унапредување на стратешките цели на Македонија во насока на европската интеграција.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ