Визуелизација: Мапа на спорни гласачи – водат Чаир, Тетово и Гостивар

0
1619

Државната изборна комисија денеска на својата веб-страница го објави списокот на 39.502 спорни гласачи кои ќе мораат да се пријават во ДИК доколку сакаат да бидат на избирачкиот список и да гласаат на наредните избори.

Според списокот, најмногу спорни гласачи има во општина Чаир – 5.418 гласачи, потоа во општина Тетово – 3.183, општина Гостивар – 2.671, општина Сарај – 2.420, и општина Куманово која има 2.074 спорни гласачи.

Најмалку неконзистентни записи има во општините Пехчево и Ранковце – по 1, Чешиново-Облешево, Карбинци и Зрновце – по 2 и Дебарца со 4 спорни гласачи.

Create your own infographics

Визуелизација: Поминете со курсорот врз мапата.

Извор: Мета