Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

(ВИДЕО): Mакедонската полиција употреби солзавец против мигрантите, има и повредени

Припадници на македонската специјална полиција употребија солзавец за да ги потиснaт мигрантите кои се обиделе да влезат од граничната зона во Македонија. На видео снимката објавена од новинската агенција Ројтерс се гледа и дека има повредени лица, пренесе Радио Слободна Европа.

Македонската влада вчера прогласи кризна состојба и ја затвори јужната граница за мигрантите, главно сиријци кои доаѓаат од Грција. Тие, неколку илјади, ноќта ја минале на отворено на граничната зона меѓу Македонија и Грција.

Одлуката на Владата има за цел да спречи какви било посериозни проблеми и закани по локалното население, односно по жителите кои што живеат во гевгелискиот регион и да спречи какви било дополнителни проблеми, но и да обезбеди посоодветен третман на оние лица, илегални мигранти кои влегле во Македонија и изразиле намера за азил.

Инаку, на македонско-грчката граница илјадници бегалци од вчера се наоѓаат по должината на граничниот појас и се обидуваа да влезат во Македонија.

Според активистите на терен, во Гевгелија веќе неколку дена има специјалци кои што до денеска се грижеле само за јавниот ред и мир. Меѓународната пруга Солун-Скопје е блокирана од неколку илјади бегалци, а на грчка територија веќе биле заглавени два товарни и еден патнички воз. Се јавува дека ноќеска на границата стигнала уште една голема група мигранти.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СТАНДАРДИ ВО УЧИЛИШТАТА ДА БИДАТ ВО ФОКУСОТ НА ОПШТИНИТЕ

Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се...

МИЦКОСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ИМАВМЕ РАСТ ОД 3% И СМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ