(ВИДЕО) 50 илјади франци за општина Могила

0
364

Денес во општина Могила се одржа првата форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети. Општината овај форум го реализира со поддршка на УНДП и Швајцарската Агенција за развој и соработка. Проектниот фонд е 50 илјади швајцарски франци. Темата на отворениот граѓански форум е Социјална инклузија, а истиот има за цел вклучување на граѓаните во процесот на креирање на идеи и проекти за подобрување на животот во заедницата и развој на локалната заедница преку взаемна соработка на општината и граѓаните.

Општата цел на проектот е зајакнати и информирани општински совети што активно ги спроведуваат улогите на надзор и претставување при што општинските власи стануваат поодговорни и поделотворни во исполнувањето на потребите на граќаните.

Планирано е да се одржат 5 вакви форумски сесии. Првата сесија беше денес, на 17 наредната недела е втората сесија, а останатите 3 се планирани за наесен. Од овие форумски сесии треба да произлезат најмалку 1 а најмногу 3 проекти кои ќе бидат поддржани за спроведување во секој избрана општина. Вакви форуми покрав во општина Могила ќе се реализираат уште во 8 други општини во државава.