(ВИДЕО) 48 нови бизниси добија по околу 50 000е грант од државата, премиерот Заев се пошегува на своја сметка: Побара од фондот за иновации да даде грант на старт ап идеја како да се спречат пранкови и лажни вести од Русија!

0
1129

Настанот го водеше директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски кој рече:

„Оваа влада е вистински партнер на младите во земјава. И тоа не со ветувања туку со конкретни мерки кои даваат вистински резултати. ФИТР до сега има вложено околу 2,5 милиони евра во околу стотина стартап компании. Поттикнавме млади луѓе да се охрабрат своите идеи да ги претворат во успешни бизниси.  Веќе работиме на креирање нови мерки со кои ќе се олесни основање на компании и пристапот до странски инвеститори. Целта ни е овде да создадеме европски услови и стандарди, со цел да се спречи одливот на мозоци од земјава, и да покажеме дека можеме да извезуваме иновативни продукти и услуги наместо човечки капитал“, рече директорот Деспотовски.