Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, во интервју за емисијата 360 степени на Алсат-М телевизија рече дека дел од „бомбите“ на Заев и СДСМ се и докази за изборни измами.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=Cte_yhwW6js[/youtube]
Како што кажа тој се работи за гигантска шема на изборни измами, и ја повтори бројката од интервјуто за Фокус, за 150 илјади гласови.
Тој рече дека постојат јасни и директни докази за измамите, кои наскоро ќе бидат објавени, најмногу во делот на личните документи.
– Опозицијата ќе ги добиеше парламентарните избори во 2011 да немаше фабрикувани гласови и сега ќе беше на власт – рече Пендаровски.