(ВИДЕО) 360° Заев: Секако дека вредеше, жалам што не можевме со цел капацитет да се израдуваме на членството на НАТО

0
362

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за членството на С. Македонија во НАТО кое се официјализираше денеска, во време на пандемијата со коронавирусот, што покажува дека членството во НАТО не е решение на сите проблеми. Заев беше запрашан дали вредеше ова за цената којашто беше платена.

Секако, претставува составен дел на севкупното решение. Сега имаме едно решение повеќе. НАТО е наша стратешка определба од независноста на државата. Секако безбедноста, сигурноста се важни работи, не само заради животите и здравјето на луѓето, туку важно е заради предвидливоста, заради економијата, инвестициите и слично. Секако дека вредеше, за мене и повеќе од тоа дека вредеше. Овие денови жалам што не можевме со цел капацитет да се израдуваме на овие големи успеси, но ова е голем успех.

Ние сме 30-та членка на НАТО, заедно ќе можеме со сите други земји да водиме грижа насекаде во светот, но и да ги користиме бенефициите на ваквото колективно пристапување во најсилниот светски и воен сојуз којшто постои и верувам дека тоа носи бенефиции.

Ние калкулиравме и на економските бенефиции, што во моментот на кризата ќе ги нема. Нема ништо, кризата навистина допира насекаде, но верувам дека брзо ќе се одмине кризата за да можеме да ги користиме тие бенефиции, за да можат нашите компании да се сертифицираат во меѓувреме, да ги исполнат стандардите, да бидат уште покапацитетни, да одиме на оној наш дел што ни следува како една од 30-те земји членки во севкупните процеси на јавни набавки на НАТО, од 4 милијарди евра на годишно ниво.Тоа се сериозни можности коишто дефинитивно можат да ја зголемат севкупната економска моќ па и стандард на нашиот народ“, рече Заев.