(ВИДЕО) 360° Заев: Останувам на мерката за минималец затоа што сум свесен за состојбата во државата

0
402

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за економските мерки кои ги предложи за справување со кризата со коронавирусот, и посебно за мерката за кратење на сите плати во јавната администрација на минималец, односно на 14.500 денари за април и мај.

„Јас останувам на таа мерка, затоа што сум сериозно свесен за состојбата во државата. И сериозно свесен, ако водите грижа за државата, како за дома за семејството сериозно се поставувате. Ние можеме да играме секаков вид на популизам, па да обвинуваме зошто тие и тие не ни помогнале, па зошто не ни дале пари. Не, мора сериозно да се поставите.

Ако сте родител дома на децата им кажувате што е доброто, што е лошото и седнувате заедно тоа да го изменаџирате сите, и децата и сопругата, и јас и готово. И тоа е така. Државата на крајот е едно семејство. Ние мора да се договориме сите заедно. Дали дел од тоа семејство ќе го понесе на плеќи, а другите не, или сите заедно ќе го понесеме на плеќи. Во такви околности стојам зад тоа што сум го кажал заради тоа што има сериозна суштина за да дојдеме до таков момент тоа да го кажам“, рече Заев.

Сепак, тој уште еднаш потенцираше дека ова е партиски став, а дека владата е на сите и дека таа треба да ја донесе конечната одлука.