(ВИДЕО) Џафери до Ѓорчев: Ако не се контролирате емоционално, одморете се, имате заменик претседател

0
643

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери побара од претседателот на комисијата за политички систем, Владимир Ѓорчев да се извини за искажаните надвреди на седницата во петокот.

Тој кажа дека личната констатација на Ѓорчев во врска со пратеникот во Косовскиот парламент, Албин Курти не прави добро никому.

– Ако не можете да се контролирате емоционално или пак ве совладува уморот, одморете, за тоа имате заменик претседател на комисијата, рече Џафери.

Ѓорчев на тоа одоговри дека не можел да прифати тоа што косовскиот пратеник учествувал во Шарената револуција во Македонија и дека важно е за стабилноста и иднината на македонската држава ВМРО-ДПМНЕ да има 62 пратеници.

Сепак, Ѓорчев се согласи со пратеникот на ДУИ и кажа дека тој сака добри односи со Косово.

Видеото ОВДЕ