(ВИДЕО) ЌЕ СЕ ИСПОТЕПААТ ПОМЕЃУ СЕБЕ, ВОЈНА НА КУРТОНИТЕ КАНАЛ 5 И КУРИР

0
1887

Довчерашните „сојузници“ и соработници, порталот „Курир“ и Канал 5 телевизија, кои меѓусебно си преземаа текстови и прилози, се скараа веднаш по промената на власта.

Се започна кога Канал 5 во емисијата „Само вистина“ му се извини на граѓанскиот активист Петрит Сарачини за сите негативни коментари искажани на програмата на телевизијата, низ изминатите месеци и години.

Телевизијата до неодамна беше „провладина“, односно известувањето беше на линија до поранешната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, а непосредно пред промената на власта започна со промени и во известувањето.

Ова беше дочекано со критика од порталот „Курир“ кој и понатака ги брани политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев најави слободни медиуми од кои ќе сака критика, а владеењето му започна со јавни извинувања на телевизии за искажани ставови во минатото. Би било смешно да не беше трагично. Буквално на првиот работен ден откако дојдоа на власт, Зоран Заев и СДСМ демонстрираа каков ќе биде нивниот однос кон медиумите кои своевремено ги нарекоа „најголеми политички непријатели на СДСМ“. Срамно и опасно изгледаше односот кој домаќините на дебатната емисија „Само Вистина“ го имаа кон соросовиот активист Петрит Сарачини, извинувајќи му се јавно за некои работи кои биле кажани за него на истата телевизија“, напиша Курир.

На ова реагираше Канал 5 телевизија.

„Нарачаниот текст под наслов : „Северно-корејски живот дојде во Македонија: Еве го планот на СДСМ за „непослушните медиуми“,  објавен на порталот КУРИР , е класичен пример за една мизерија на денешницата. Порталот на еден смешен  и недоветен начин се обидува да се пресмета со нашата телевизија и уредникот и новинар на ,,Само вистина “ , Мирјана Трпческа, човек од крв и месо , професионалец со интегритет и искуство , кој стои зад својот начин на работа , и која е поддржана во целост од сите во телевизијата! Пријатели од Курир, знаеме дека и меѓу вас има и чесни и доблесни  луѓе , кои се срамат од вчерашниот мизерен текст против Канал 5 ТВ. Сигурно знаете дека извинувањето е доблест а никако не може да биде срамен и опасен чин. Извинувањето е старо колку и човештвото, и е позитивна човечка особина. Престанете да бидете „фантоми“,и обидете се, доколку сметате дека сте ни погрешиле нам или некому друг, да се извините. Канал 5 ТВ ќе ви прости, за другите – не знаеме“, стои во соопштението од информативната Редакција на Канал 5.