(Видео) Јани Макрадули уште во 2013 година зборуваше за криминалиите на АРАМИИТЕ со автопатиштата: Во законот не пишува дека треба да крадете, па вие крадете!

0
569

jani 1

Извадок од говорот на пратеникот Јани Макрадули во рамките на продолжението на 74тата седница за предлог-закон за изградба на автопат – делница Миладиновци-Штип.

Кој ќе ја понесе одговорноста за пропаднатиот проект Концесија на автопатиштата, за кој што само француската консултантска куќа ЛујБерже се исплатени 1.4 милиони евра и како тоа цените кои што во 2010 година според министерството за транспорт и врски имаат една вредност, а сега се 2ипол пати или 3 пати поскапи.

Добро е да се гради, ама добро е да се гради економично и во интерес на граѓаните. Од патарините во Република Македонија годишно се собираат 21 милиони евра. За 7 години, само од патарините може да се изгради Миладиновци-Штип.

7 години Силвана Бонева, Влатко Ѓорчев, Илија Димовски го одбиваат амандманот Миладиновци-Штип да се гради. Секоја година се зголемува бројот на жртвите на тој правец, ама затоа се зголемува бројот на фонтани, на златните славини во театарот и на бројот анекси за проектот Скопје 2014.

Во стандардите при градење на еден автопат ако нешто отскокнува повеќе од 10%, тоа е криминал и затоа србите го имаат ставено во законот, ама вие го немате тоа во законот.

И во законот за јавни набавки не пишува дека треба да крадете, па вие ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се утепавте од крадење.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ILoCyQoSpOM[/youtube]