(ВИДЕО) Ѕнда – прилепскиот „Градски мајстор“ и иноватор чија крајна цел е вселената

0
1370

Создавање на електрична енергија од обичен провев, преку т.н. вентури ефект. Уред што би можело да го има секое домаќинство и во иднина тоа да има бесплатна енергија, дури и кога дува слаб ветар. Ова е последната креација на прилепскиот иноватор Зоран Тодороски или познат кај прилепчани како Ѕнда.

Со проектот конкурирал и до Фондот за иновации, но на тој повик бил одбиен. За да може да има комерцијално производство потребни му биле уште средства за доистражување. Ова е само макета. Според неговите пресметки, ако турбината би се произведувала масовно, не би чинела повеќе од 500 евра.

Како дополнување на создавањето на енергијата освен ветерот, на оваа турбина може да се постави и сончев панел, кој исто така би произведувал бесплатна енергија.

Извор : ИнфоКомпас

Целото инветрвју ќе може да го прочитате ОВДЕ