(ВИДЕО) ШОКАНТНО: Лидерот на ВМРО ДПМНЕ од Прилеп бара да се отпуштат од работа сите оние кои работат на определено време и да останат на улица без приходи!

0
284
Прес конференција на Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески.

Пандемијата предизвикана од корона вирусот освен што претставува сериозна закана за здравјето и животот на граѓаните, е вистинска опасност која се одразува и по економијата, секојдневниот живот на граѓаните и работењето на деловните субјекти.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до Советот на Општина Прилеп предлага низа конструктивни мерки, кои ќе бидат од огромна корист за угостителските објекти, занаетчиите, дуќанџиите во чаршијата, но и сите други погодени стопански субјекти, како и граѓаните кои губат работни места, со цел справување со економската криза. Предлагаме:

  1. Предлагаме намалување за 50% на данокот за имот за тековната 2020 година, како и 50% на данокот за наследство и подарок;
  2. Целосно ослободување од плаќање на фирмарина на деловните субјекти за 2019 и 2020 година.
  3. Целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните простории (вклучително и летните тераси пред угостителските објекти до крајот на 2020 година)
  4. Предлагаме и намалување за 50% на сметките за вода и комунални услуги за најпогодените физички и правни лица во период од 6 месеци.
  5. Во периодот додека трае кризата да се раскинат сите договори на дело на лица ангажирани преку агенции за привремени вработувања, авторски договори и слично, мерка со која ќе се заштедат околу 10 милиони денари.
  6. Предлагаме и укинување на сите непродуктивни трошења на Локалната самоуправа и јавните претпријатија, вклучително и на средствата предвидени за репрезентација, како и рационално и ограничено користење на возниот парк на институциите. На овој начин ќе се заштедат цели 5 милиони денари.

Ова се мерки кои ќе значат заштеда на голема сума пари, но истовремено и ќе обезбедат дополнителни парични средства за граѓаните и стопанските субјекти во справувањето со оваа глобална пандемија.

Предлагаме мерки, кои во овој период кога сите угостителски објекти не работат, кога речиси целата чаршија е затворена, а дел од граѓаните остануваат без работа, ќе значат надеж дека некој се грижи за сите.

Со оглед на тоа дека пандемијата зема замав во Прилеп и бројот на заболени од коронавирус секојдневно се зголемува, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка структура комплетно ги става на располагање сите свои човечки капацитети на Локалната самоуправа, а со цел заштита на здравјето на граѓаните  и што поефикасно справување со оваа глобална опасност.

Ова е време кога е потребна солидарност, кога секоја подадена рака е добредојдена, кога секоја понудена помош треба да се прифати и кога треба да заборавиме на егоизмот и политичкото профитирање.