(ВИДЕО) ШОКАНТНО: КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО ДПМНЕ МИЦЕВСКИ БРКАШЕ ПРАТЕНИЧКА НА СДСМ НИЗ ЦЕЛА САЛА И НЕ И ДОЗВОЛИ ДА ЗБОРИ

0
1216

Собранискиот спикер Талат Џафери повика обезбедување поради однесувањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. До ова дојде откако Мицевски отиде на местото каде што седи пратеничката Даниела Марковска од СДСМ и ѝ говореше на уво, поради тоа што Талат Џафери не му даде процедурално обраќање.

За тоа време, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тропаа на клупите. За да не ѝ го земе микрофонот, пратеничката Марковска со него шеташе низ салата. Мицевски сметаше дека Џафери мора да му даде процедурално обраќање бидејќи тоа право му следува по Деловникот, а не да го игнорира, а збор да добиваат други пратеници.

Ваквото однесување на Мицевски доаѓа во време на пандемија предизвикана од коронавирусот и е спротивно на протоколите и препораките за одржување на задолжителна дистанца со цел да се намали трансмисијата.