(ВИДЕО) ШОКАНТНО – ГРУЈО ТРГНА ДА ГО ТЕПА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЗА ВРЕМЕ НА ГЛАСАЊЕТО ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ!!!

0
2967

Инцидент помеѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во обид тој да му ја одземе картичката на претседателот на парламентот.Со вода беше испрскан претседателот Џафери од Груевски кога спикерот почна да ја отвора расправата за Законот за употребата на јазиците.

Веднаш интервенираше собраниското обезбедување откако Груевски и уште неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ се втурнаа кон Џафери.

По интервенција на обезбедувањето, Џафери ја напушти салата.

Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев побара пред да се гласа за Законот, да бидат разгледани амандманите поднесени од опозицијата. Тој исто така побара од мнозинството да се свика седница на комисијата за мандатно имунитетни прашања на која ќе се утврди дали Законот може да биде изгласан без разгледување на амандманите или не.

По половина час пауза, собранието со 64 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа.

За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници кои со 24 гласа го донесоа Законот.

Пратениците од опозицијата се обидоа да го спречат гласањето по законот и да побараат процедурално да се обратат, но Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и со обезбедување излезе од пленарната сала.

Претходно по обидот на Џафери да ја отвори точката, пратениците од опозицијата, меѓу кои и поранешниот лидер Никола Груевски излегоа на говорницата, по што Џафери даде пауза од 15 минути.

Во Собранието обезбедувањето спречи физичка пресметка меѓу Џафери и Груевски, кој му истури вода на Џафери и му ја извади картичката.

На денешното продолжение на 32. седница претседателот Џафери ја прескокна осмата точка, за Законот за употреба на јазиците и продолжи со читање по останатите точки.

Седницата беше прекината од претседателот Џафери за одржување на координативна средба со пратениците, но опозицијата не учествуваше.

Пратеникот Данев Драган претходно извести дека имало груба манипулација и дека немало никаква координација за време на получасовната пауза во Собранието. Тој побара почитување на деловникот за работа и свикување на Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања за да расправа дали тие имаат деловничко право да поднесат и да расправаат за амандманите за Законот за јазиците.

Данев до Џафери, како што претходно известија од ВМРО-ДПМНЕ, требаше писмено да достави две барања и тоа Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања да расправа дали тие имаат деловничко право да поднесат и да расправаат за амандманите за Законот за јазиците и на продолжението на 32. седница да се отвори расправа за над 35.000 амандмани за законот поднесени од нив.