(ВИДЕО) ШОКАНТНА БОМБА НА СПАСОВСКИ: НАЌЕ ЧУЛЕВ ПРОБАЛ КАКО ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР ДА ЈА СТОПИРА ИСТРАГАТА ЗА ПАСОШИТЕ, НО ИНСПЕКТОРОТ НЕ ДОЗВОЛИЛ!

0
458

Во 2019 воспоставена е истрага за службени лица вработени во Управните служби на МВР како референти за управни работи и контролори, кои ја злоупотребувале својата службена положба и овластувања, со тоа што издавале македонски патни исправи за 214 лица странски државјани и 1 наш државјанин, употребувајќи туѓ идентитет на наши државјани.

Поддршка за истрагата беше дадена и од страна на Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при амбасадата на САД во Скопје, како и Генералниот секратаријат на ИНТЕРПОЛ Лион и ИНТЕРПОЛ Скопје.

Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против десет лица и тие во текот на утрешниот ден ќе бидат предадени на надлежното обвинителство.

Сакам во оваа прилика да упатам порака до сите кои мислат дека со опструкции и саботажи ќе не спречат во пресметката со криминалците дека бадијала се трудат. Нема ниту да застанеме ниту да не поколебате. Ова го истакнувам поради фактот што при реализацијата на оваа акција се соочивме и со обид за саботажа која не успеа.