8.7 C
Prilep
Monday, October 25, 2021
Home Македонија (ВИДЕО) ШОКАНТЕН СКАНДАЛ НА ВОДИЦИ ВО СКОПЈЕ : Физички нападната екипата на...

(ВИДЕО) ШОКАНТЕН СКАНДАЛ НА ВОДИЦИ ВО СКОПЈЕ : Физички нападната екипата на Канал 5 при земањето изјава на фаќачот на крстот во Скопје

0
1021

Црна сенка на духовниот празник фрли скандалот во кој имаше влечење, буткање и пцостикон новинарските екипи, кои беа во центарот на Скопје, сите години наназад да известуваат за празнувањето.

Во еден момент тие беа насилно спречени да земат изјава од човекот кој го фати крстот, а притоа беа упатени навредливи зборови и пцости кон новинарите и снимателите.

Најдебелиот крај го извлече новинарката на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ, која од страна на вработени во агенцијата за обезбедување „Никоб“ ангажирани по наредба на македонската православна црква и како единствен организатор на настанот беше брутално избуткана, навредувана со погрдни зборови и влечена, која заврши во Градската болници со повреди на раката и вратот.

За оваа невидена агресија, на ден кој треба да е духовен празник и поради нападот на нашата екипа, Канал 5 телевизија ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата.

Истовремено се прашуваме, како во е можно МПЦ да дозволи, на настан организиран од нејзина страна, да се случуваат вакви напади врз новинарски екипи?

Во продолжение и изјавата на новинарката Мирјана Мирчевска која предмалку ја даде од Градската болница.