(ВИДЕО) Шилегов: Просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари

0
548

Изјава за медиуми
Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ 6
Гостивар, 30.11.2016
Добар ден,

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата денес сме во Гостивар, разговараме со гостиварчани за нашиот План за живот во Македонија.

Граѓаните се охрабрени, гостиварчани се охрабрени, знаат, свесни се дека доаѓаат промените на 11-ти декември.

Овде во Гостивар, Никола Груевски и Влатко Ѓорчев, ветуваат после 11 години владеење инвестиции , поголеми плати и вработувања. За 11 години можеа да кажат се што знаат. Сега ветуваат наводни поддршки на фирмите за износ од 100 милиони евра со 5 % камата. Допрва им текнува дека во Македонија постојат луѓе, во Македонија постојат граѓани.

Ние сме свесни, ние знаеме, столбот на секоја здрава економија се домашните фирми. Домашните правни субјекти, малите и средни претпријатија за коишто предвидуваме помош од 140 милиони евра. Оваа наша економска политика, затоа што не знаат економија, не може да ја разбере ниту Влатко Ѓорчев ниту Никола Груевски.

Се обврзуваме, ветуваме на сите граѓани и овде во Гостивар, и низ шестка, и низ Република Македонија: до крајот на четири годишниот мандат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, минималната плата во Македонија ќе изнесува 16.000 денари, а просечната плата ќе изнесува 30.000 денари!

Мораме да го сопреме процесот на иселување на младите. Младите луѓе кои ќе инвестираат во Македонија, младите луѓе коишто ќе отвараат сопствени бизниси ќе ги стимулираме со 15.000 евра кредити со 1 % камата.

Ќе ги стимулираме сите домашни фирми кои ќе вработуваат млади луѓе, коишто ќе вработуваат луѓе коишто се пред пензија, коишто ќе вработуваат луѓе од социјалните групи.

Македонија мора да успее, во Македонија го враќаме животот!