(ВИДЕО) Шилегов: Организираниот грабеж на Македонија што го спроведува Никола Груевски и неговите соработници продолжува – МО да го поништи спорниот тендер од 250 милиони евра

0
1003

Организираниот грабеж на Македонија што го спроведуваа Никола Груевски и неговите соработници, како и задолжувањето на идните генерации продолжуваат, рече Петре Шилегов на денешната прес конференција.

„Министерството за одбрана спроведува постапка за набавка на оклопни возила во вредност од 250 милиони евра.

Исплатата треба да се одвива во период од 2018 до 2026 година.

Тоа значи дека во моментов, поради погрешните политики на власта, нема средства за исплата и оваа обврска се остава на идните три влади на Македонија. Со ова, на многу сериозен начин се оптоваруваат буџетите на наредните три влади на Македонија.

Негрижата на оваа власт доведе до тоа АРМ целосно да биде маргинализирана а нејзините припадници, војниците доведени во состојба да немаат најосновни работи.

Власта целосно го сруши достоинството на војниците на коишто им недостасуваат кондури, ќебиња, соодветно сместување, основен алат за работа.

Во тоа и самите се уверивме додека помагавме на луѓето во Стајковци и Ченто. Војниците немаа гумени чизми и ракавици за работа.

При оваа набавка, единствен критериум за најповолен понудувач е цената. За власта, небитен е квалитетот на оклопните возила ниту пак ангажирањето на домашни фирми во изработката или одржувањето на возилата.

Вредноста на набавката може да биде значително помала доколку се набават дел на репариани возила, со гаранција од производителот.

Потсетуваме дека од квалитетот на оклопните возила многу често зависи животот на нашите војници. Затоа бараме, Министерството за одбрана веднаш да го поништи овој тендер. Особено имајќи во предвид дека се наоѓаме на три и пол месеци пред избори на кои ќе дојде до смена на власта. Ваква набавка мора да биде спроведена многу посериозно.

При тоа, треба да се изработи техничката спецификација којашто ќе гарантира намалување на вредноста на набавката и зголемување на гаранциите за безбедност на војниците, но ангажирање на дел од домашнната индустрија во изработката и одржувањето на возилата“, вели Шилегов.