(ВИДЕО) Шилегов од граѓанската трибина : Промените денес се реалност во Скопје, покажавме дека знаеме поинаку, покажавме дека можеме подобро

0
258

Промените денес се наша реалност. Многу подобра од претходната. Реалност за која вреди да продолжиме понатаму во истиот правец, сигурни како никогаш досега дека знаеме, умееме и можеме, сигурни дека сме на правиот пат, порача градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и член на ИО на СДСМ на трибината под мотото „На прав пат“ во Скопје.

Градот убав има посебно место и во моето и во вашите срца. Најубав е кога е полн со луѓе исто како оваа сала која е претесна да ве собере сите вас кои безрезервно нè поддржувате последниве години,  истакна Шилегов.

Токму вашето присуство во волкав број драги мои сограѓани, е најдобриот доказ дека сме на прав пат, дека е подобро од пред две години, кога со нашето Скопје управуваа луѓе без визија, без концепт, без компас, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на трибината под мотото „На прав пат“ во Скопје.