(ВИДЕО) Шилегов: Никола Груевски е минато во политиката, ВМРО ДПМНЕ е во опозиција

0
788

Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, одговараше на прашања на новинарите денеска:

БЕСА се откажа не верува во Управниот суд, зошто сега верувате во Управниот суд дека можеби ќе ги потврди сите тужби?

Цело време ги провоцираме институциите да работат согасно законот, очекуваме дека Управниот суд нема да подлегне на евидентните притисоци коишто ги имаат од страна на ВМРО ДПМНЕ. Особено очекуваме дека Управниот суд од себе ќе го отфрли времето на партиска испостава на ВМРО ДПМНЕ имајќи го предвид дека дел од судиите се опфатени со истраги од Спецјалното јавно обвинителство за учество во изборна измама.

П2: Дали пред Управен ќе го обжалите и последниот предмет што го разгледуваше ДИК, дали ќе го обжалите и гласањето и колку предмети ќе обжалите?

Кажав 4, еден од тие 4 е токму тој којшто вчера се донесе контроверзна или не се донесе воопшто одлука по тој приговор.

П3: Г-дине Шилегов, од каде знаете дека Груевски е во опозиција кога Управен суд се уште не расправал, дали тоа прејудицирате судска одлука?

Имајќи во предвид изборниот резултат, поразот, фактот дека околу 700.000 граѓани во Република Македонија се одлучија за промени на овој начин на корумпирано и криминално владеење, и доволно говори што сакаат граѓаните. Граѓаните го кажаа своето на 11 декември.

П4: Но, тоа не значи судот ќе одлучи така и дека фактите ќе говорат така, зависи што ќе напишете во тужбата?

Значи исходот на тужбите, бројот на пратениците или на мандатите немаат политичка врска со тоа кој ќе ја составува владата. Никола Груевски е минато во политиката. ВМРО ДПМНЕ е во опозиција. Порачуваме на ВМРО ДПМНЕ да си расчистат со криминалното раководство и периодот којшто ќе бидат во опозиција да го искористат да ги заздрават редовите во нивните партии за да расчистат со криминалното нивно раководство, бидејќи на Република Македонија и е потребна здрава полтичка сила.

П5: Се гладате како нов министер за правда?

Не размислувам мојата животна мисија е падот на овој корумпиран режим. Лично ако ме прашувате мојата животна мисија е падот на корумпираниот режим на Никола Груевски, јас имам своја професија, своја професионална реализираност во животот. Апсолутно во политиката ниту сум присутен заради себереализација, ниту заради таков тип на мотиви. Моите мотиви се моите и нашите деца во Република Македонија. Тие луѓе и тие деца да не мора да шетаат по белиот свет, да немора ниту јас како родител ниту било кој родител во Република Македонија да ги гледа своите деца преку скајп заради криминалното владеење на врхушка од 15-тина, 20 луѓе.

П6: Ако дојде партиска одлука за ова, влите дека ова е личен став, ако дојде партиска одлука?

Не сме разгледувале за Социјалдемократскиот сојуз кажувам никој од нас во оваа битка, во оваа борба со ова зло и во теолошка смисла Никола Груевски е олицетворение на ѓаволот во Република Македонија, никој од нас не влезе од лични мотиви. Ние сме влезени овдека да расчистииме со криминалците во нашата држава со цел да  Република Македонија стане модерна, европска држава.