(ВИДЕО) Шилегов: Македонија е во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор

0
535

Македонија се наоѓа во најголемата криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Отворањето на предметот „ТНТ“ на независната институција СЈО покажа зошто Ѓорге Иванов мораше да брза со аболицајата, рече Петре Шилегов.

Да не беше одлуката за аболиција денеска правдата ќе почнеше да го стасува Никола Груевски. Одговорноста за сите случувања во Македонија е на Никола Груевски, Ѓорге Иванов и Трајко Велјаноски.

Денеска стана јасно зошто Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат фер и демократски избори. Бега од прочистен избирачкиот список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата.

Затоа Македонија е на нозе.

Во Македонија мора да има и ќе има фер и демократски избори.

Демократска Македонија нема да дозволи Никола Груевски да ја држи во заложништво иднината на државата.

СДСМ, сите слободоумни граѓани и цела демократска Македонија заедно ја продолжуваат битката за враќање на слободата и демократијата, еднаквоста и правдата, за враќање на уставниот поредок.

Или Груевски или Македонија.