(Видео) Шилегов : Груевски потврди дека го урнисал уставниот поредок на Македонија

0
498

Никола Груевски потврди дека прислушувал во Македонија, заедно со неговиот братучед, директорот на УБК, Сашо Мијалков.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=8-si3U153lU[/youtube]

Груевски потврди дека тој и неговите најблиски соработници направиле упад во правосудството: местеле обвинителско – судски одлуки, избирале и разрешувале судии по партиска подобност.

Тоа го говори бегството на Никола Груевски од коментар на скандалозните содржини на прислушуваните разговори.

Тоа го потврдува и молкот на неговите најблиски соработници, диригентите во судството, Мијалков, Ставрески, Јанкулоска.

Безуспешно Груевски се обидува со манипулации.

Од вчера јавноста стана сведок кој го урнисал уставниот поредок на Република Македонија. Тоа се Груевски и неколкумина негови соработници.

Меѓу нив, запрепастувачки е и Јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој е платен од граѓаните на Македонија да ги штити нивните интереси.

Зврлевски наместо да покрене постапка за скандалозното прислушување и упадот на извршната во судската власт, денеска со неговата изјава само потврди дека е партиски, а не јавен обвинител на Република Македонија.

Петре Шилегов – портпарол на СДСМ

Одговори на новинарски прашања :

П1: Дали изјавата на Груевски, денеска, кадешто повторува дека се работи за прислушување во соработка со странски служби имплицира и можеби судска разврска која тој ќе ја покрене?

  • Кредибилитетот на судските институции е целосно доведен во прашање. После вчерашното објавување на докази, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, без оглед на сите спинови на власта, ќе продолжи и во целост ќе ги изнесе сите докази за криминалното владеење на оваа власт.

П2: На претходните прес конференции кажавте дека нема директни разговори помеѓу шефот на државната безбедност, Сашо Мијалков. Вчера испадна дека на крај сепак се појави разговор помеѓу него и вице премиерот Муса Џафери. Како го коментирате ова?

  • Обидот да се манипулира со тврдењата на СДСМ е повеќе од неуспешен. СДСМ јасно кажа и повторуваме, не постои снимен директен разговор помеѓу Мијалков и Груевски. Кога разговарале со некој којшто е уфрлен во машината, односно прислушуван, во тој случај постои снимен, забележан разговор. Во конкретниот случај, ако ме прашувате за вчерашниот пример, очигледно дека е следен и сниман господинот Муса Џафери. Разговорот очигледно бил снимен затоа што е вртено на неговиот број, од страна на Мијалков.

П3: Имаше бројни реакции од сите засегнати коишто беа спомнати, дека размислуваат за ревидирање на процесот на тужбите коишто им биле мистично одбивани од Апелација, и од другите судови во Македонија. Сметате дека тоа ќе доведе до крах на судството со оглед на тоа како се развива ситуацијата?

Веќе кажавме во текот на вчерашниот ден, кажав и во денешната изјава. Кредибилитетот на македонскиот правосуден систем, во смисол на Јавно обвинителство, судии и постапување на судии по нарачани одлуки од страна на Јавниот обвинител и на извршната власт, сериозно е доведен во прашање. Искрено се надеваме дека власта ќе смогне сила достоинствено да се повлече и извлече од целата оваа работа.