(ВИДЕО) Шилегов : Груевски од вас бара да му верувате дека во здравството ќе вложи 33 милиони евра пари кои не постојат во Буџетот!

0
1344

Никола Груевски и денеска најдрско и најнесовесно продолжува со лагите кога се работи за здравјето на граѓаните. Инвестицијата во кардиологија која што веќе е одбиена од Министерството за финансии и за која што нема предвидена средства во буџетот на РМ, денес повторно бесрамно ја најавува. Еве доказ дека Никола Груевски денес излажа.petre0411

Покрај Кардиологија, одбиени се и најавите инвестиции за здравствениот дом во Валандово, за општата болница во Струмица, за амбуланта во Секирарци, за рендген во Кривогаштани, за итна помош во Идризово, за центар за рани во геронтолошкиот завод во Скопје, меѓутоа и денес продолжува со лажните ветувања, изјави Петре Шилегов од СДСМ.

– Наспроти нивните лажни ветувања, еве ја вистината. На барањето за реновирање и приспособување на Здравствениот дом во Охрид и за реконструкции на здравствените установи во Пробиштип и Валандово, Министерството за финансии одговорило со НЕ. За санација, реконструкција и доградба на болничката зграда на Клиниката за хируршки болести Св. Наум во Скопје – одговорот е: Да не се создаваат нови обврски во Буџетот на Р. Македонија! За отворање пункт за итна медицинска помош во Долнени, како и за бруто плати на тројца доктори кои би дежурале за потребите на жителите во ноќна смена, одговорот е: НЕ, со предупредување да не се создаваат нови обврски во Буџетот на Република Македонија! Е ова е вистинското лице на Никола Груевски! Овој човек и денес од вас бара да му верувате дека ќе вложи 33 милиони евра пари кои не постојат во Буџетот на Република Македонија. Заради ваквите неодговорни политики почина малата Тамара, заради ваквите неодговорни политики умираат пациенти по ходници. Никола Груевски нема повеќе што да ветува. Тој замина. За 37 дена заминуваат и неговите соработници и ВМНРО-ДПМНЕ. Граѓаните избираат живот – рече Шилегов.