(ВИДЕО) Шилегов: Груевски и соработниците бегаат од одговори за поплавите, но нема да избегнат одговорност

0
337

Груевски, Тодоров, Трајановски…, раководните кадри на власта на ВМРО-ДПМНЕ во институциите, нема да избегнат одговорност за ужасните последици од поплавите, колку и да се обидуваат да бегаат. Тоа што цел ден се обидуваат да ја блокираат Надзорната расправа покажува до каде оди неодговорноста на овие луѓе, изјави денеска во собранието, пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Бебиња настрадаа! Најмалку 23 човечки животи однесоа поплавите! Огромни материјални штети има коишто никој до сега не ги надоместува! Голем број граѓани кои или се без дом или без елементарни услови за живот! Ова на Скопје му се случи бидејки во 21-от век делови од главниот град немаат канализација. Најголем дел од каналите се неисчистени. Институциите потфрлија. Не реагираа на време. Груевски беше 10 години премиер, негови кадри раководат со сите надлежни институции. Тие треба да им ги дадат одговорите на граѓаните за кататстрофата од поплавите. Бегале или не одговорност ќе има – рече Шилегов.