(ВИДЕО) Шилегов: Груевски и во Ранковце излажа за 6.000 вработувања!

0
695

Денеска сме во Ранковце. Овде Груевски вети 6.000 работни места. Никогаш не се остварија. Не се инвестираа ветените 400 милиони евра! Никола Груевски сурово излажа! Овде има само раскопано земјиште, вели Петре Шилегов.

 

Ги нема никаде 10-те фабрики и погоните на Веибо во коишто требаше масовно да се вработуваат граѓани.

Граѓаните се чувствуваат искористено и изневерено!

До раскопаното земјиште има асфалтирана хеликоптеркска писта.

timthumb-php

Хеликоптерот на турскиот инвеститор никогаш не слета во Ранковце.

Пистата е единствената реализирана инвестиција овде!

Луѓето велат дека оваа хеликоптерска писта секогаш ќе ги потсетува на пистата по којашто нивните деца избегаа од Македонија. Младите не веруваат повеќе на лагите за вработувања. Работа најдоа, но далеку од својата земја и својот дом.

626.000 граѓани се разделија од своите семејства и заминаа од Македонија по работа во други земји за да обезбедат достоинствен живот.

timthumb-php

Вака во реалноста изгледаат инвестициите на Никола Груевски што помпезно ги најавува!

Пустелијата од инвестициите ја опустошија Македонија! Младите заминуваат токму заради овие пустелии!

Заради ова Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат и не смеат да ја водат државата!

На 11 декември граѓаните на Македонија ќе изберат подобар живот!

Лагите на Никола Груевски за нови вработувања и инвестиции завршуваат!