Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Шилегов: Во недела ќе гласаме за повисоки плати и достоинствен живот во Македонија!

Изјава за медиуми
Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ 6
Гостивар, 08.12.2016

Добар ден,

Еве сме во Гостивар, разговараме со гостиварчани за проблемите коишто ги мачат. И гостиварчани како и сите граѓани на Македонија соопштуваат дека се потребни промени, дека се неопходни промени, дека заслужуваат подобар живот.

Овдека вчера Влатко Ѓорчев се расфрлал со некакви триесет и седум проекти за Гостивар. Што чекавте десет години господине Ѓорчев? Што чекаше Груевски десет години? Зошто сеуште не е готова клучката за накај автопатот во Гостивар? Зошто не се решени и реализирани овие проекти? Триесет и седум ситни проекти се триесет и седум големи лаги за гостиварчани.

Гостиварчани велат доста е! Ним им треба здравство кое што ќе ги лекува. Ним им требаат лекари и медицински персонал кој што се достоинствени за да бидат и достоинствени пациенти.

Во Македонија не може да има помала плата од 16.000 денари. Во Македонија просечната плата ќе изнесува 30.000 денари. Не може ниту еден наставник да има помала плата од просечната. Затоа во Македонија го спроведуваме Планот за живот!

Почитувани граѓани во Недела позади параванот сте сами. Вие одлучувате за вашата иднина. Одлучете и заокружете за бројот 4. Да го спроведеме заеднички Планот за живот! Да ги воведеме вистинските квалитети на животот. Да го вратиме животот, да ја вратиме насмевката на лицата на граѓаните во Македонија.

Победува Македонија, победува Социјалдемократскиот сојуз, победува животот во Македонија!

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ