(ВИДЕО) Шилегов: Апелираме да престане безобразното кршење на Деловникот од страна на ВМРО-ДПМНЕ!

0
698

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов
Скопје, 27.03.2017

Денес граѓаните се сведоци кој сака да ја продолжи кризата и да ја држи во заложништво Република Македонија и сите нејзини граѓани. Реплицирањето сами на себе е кршење на Деловникот на Собранието на Република Македонија. Очајот кој го покажува малцинството во Парламентот и стравот кој се гледа кај Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорноста која следува за сите криминали е премногу дури и за ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарното мнозинство има обврска кон граѓаните да не дозволи натамошно блокирање на демократските процеси, вклучително и ова блокирање на Собранието.

Ако дозволиме ова блокирање да продложи додека Груевски се сонча на Малта и ги шета Мајбах наочарите, за кратко време ќе колабира системот. Студентите ќе немаат стипендии, земјоделците ќе немаат субвенции, пензионерите ќе немаат пензии, администравците нема да земаат плата. Домашната економија и фирмите не можат повеќе да се борат со неликвидноста бидејќи се во ненормално тешки услови за своето функционирање.

Како што реагиравме процедурално по Деловникот, така и со оваа прес конефренција уште еднаш апелираме, веднаш да прекине дрското и безобразно кршење на Деловникот преку неделовнички реплики сами на себе. Очигледно е дека единствената платформа на ВМРО-ДПМНЕ е уништување на Македонија и интересите на нејзините граѓани.

Должност на парламентарното мнозинство е да ја преземе одговорноста и да избере претседател на Собранието. Во секој друг случај ќе бидеме соучесници во разнебитувањето на Македонија.

Напоменуваме, имаме парламентарно мнозинство и тоа ќе ја исполни својата обврска.