(ВИДЕО) Шекеринска: Хаосот со избирачкиот список да се расчисти, одговорност мора да има

0
604

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денеска оцени дека Државната изборна комисија мора да обезбеди целосно прочистување на избирачкиот список,  за, како што рече, во Македонија да важи правилото еден човек-еден глас.

Шекеринска при посетата на Делчево каде што имаше средби со граѓани, рече дека на избирачкиот список се најдени починати лица и фантомски гласачи и оти за тоа некој треба да одговара.

„Овие денови нај актуелна тема помеѓу сите граѓани на Република Македонија, се разбира дека е хаосот коишто стана видлив, а владее веќе со години по ред со избирачкиот список.

Овој хаос во избирачкиот список, огромниот број на умрени и фантомски гласачи коишто се најдоа во секоја општина во Република Македонија, покажаа дека се зад нас неколку криминални избори коишто ги спроведувале врхушката на власт.

Фантомски гласачи се најдени во Скопје, фантомски гласачи најдовме и во Делчево и во Берово. Нема општина во Македонија во која не ни се случи, граѓаните преку ноќ да откријат дека некој со нив го дели станарското право.

Овој хаос не е случаен, овој хаос е резултат на криминална политика која години по ред го крадела на граѓаните правото за глас, на тој начин што сместувала лица кои неколку пати неоправдано и незаконски гласале на изборите, и локални, и парламентарни.

Овој хаос мора да престане, ДИК мора да обезбеди целосно прочистување на избирачкиот список, за да во Македонија важи правилото еден човек-еден глас.

Меѓутоа важно е уште нешто, некој мора да одговара за хаосот и незаконието со коишто ги криминализирал изборите и со коишто на македонските граѓани им ја одземал шансата сами да одлучуваат за својата судбина.

Овој хаос во избирачкиот список мора да се расчисти и пред овие избори за да добиеме кредибилни, фер и демократски избори.

Radmila-Shekerinska

Се покажа дека сето она што опозицијата што го говореше неколку години по ред, било точно. Дека некој намерно додавал личности, некој намерно злоупотребувал починати лица, некој намерно обезбедил со криминал да владее една група на луѓе во Република Македонија.

Ние сметаме дека овој хаос во избирачкиот список, мора час поскоро да се корегира.

Во нашата Програма вметнавме решенија коишто ќе спречат било кога ваквите работи да се случат во Македонија. Во нашата програма предвидуваме единствен електронски регистар со кои целосно ќе биде јасно кои луѓе живеат во Македонија, колку се, кои се, и никој поцеќе нема даможе да го злоупотреби нивниот избирачки глас.

Не само тоа, на ваков начин ќе им овозможиме на сите граѓани полесно да дојдат до своите права наместо да шетаат, шалтер на шалтер, и од инстутуција во институција трошејќи го нивното време, а трошејќи ги и нивните пари.

Shekerinska-1

Така, секој граѓанин во Македонија, без да троши непотребно пари, ќе може да добие посакувани и потребни документи, и на тој начин ќе се спречи, трошењето на многу пари за едни исти потврди.

Сметаме дека ова решеније со кое што на еден шалтер практично  многу документи ќе може да се добијат, ќе им олесни и на институциите и на граѓаните, и на бизнисот во Република Македонија“, изјави Шекеринска.

Shekerinska-2