(ВИДЕО) Шекеринска: Подготвени сме на протест секој ден за да заврши ова корумпирано владеење

0
433

sekerinska mars

Секој ден сме подготвени да протестираме за да заврши ова корупмирано и автократско владеење, рече потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска додека со стотици граѓани маршираше од антивладиниот камп до Министерството за финансии како одговор на новата бомба што ја објави опозицискиот лидер, Зоран Заев, пренесува А1он.

– Новите разговори покажуваат дека оваа власт не само што почива на авторитарно владеење туку и на огромна корупција која ги зафатила сите пори на општеството. Груевски е тој кој одлучува кој ќе добие бизнис, колку пари од тој бизнис ќе завршат на партиската и на лични сметки. Груевски е тој кој одлучува кој писма ќе останат во архива. Сакаме со овој протест да ги потсетиме министрите и оние кои бегаат од владината зграда, дека надвор им се случува огромен револт. Сакаат да го избегнат, сакаат да ги затворат очите и ушите – рече Шекеринска.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=Pr1qhEPngFA[/youtube]