(ВИДЕО) Шекеринска: Груевски го плаши вистината, затоа се повлекува

0
510

Запрашана за ставот на СДСМ за повлекувањето на Никола Груевски, во врска со барања на наставниците по што е прекинат штрајкот во образованието и околу спорните измени на Законот за високо образование заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска изјави:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=DdfXWOdFc2U[/youtube]

Паничната реакција на Груевски, подигањето на температурата во Република Македонија, меѓу другото, им испрати сигнал на сите граѓани во оваа држава, дека Никола Груевски најпосле е тој којшто се плаши.

Погледнете што се случува денеска, вчера, претходните денови и сé ќе ви стане јасно. Човекот кој тврдеше дека штрајк во образованието не постои, премиерот кој велеше дека нема намера да разговара за одлагање на наводните реформи во високото образование, во последниве четири дена ги погази сите свои коментари.
Луѓето коишто ги навредуваше, ги обвинуваше дека работат за опозицијата, ги напаѓаше преку своите мегафони, овие денови ги кани еден по еден во својот кабинет.

Тоа покажува дека Никола Груевски го плаши вистината и тоа покажува дека оваа стратегија со сите нејзини плусеви, минуси и ризици, вродува со плод. Што би рекол еден од луѓето коишто коментираат овие денови, уште не се објавени доказите, а јавноста гледа дека многу има премиерот да скрие.