(ВИДЕО) Шахпаска: Умираат бебиња, нема лекови, а власта крати 570 милиони денари за здравството

0
453

J.ShahpaskaНовороденчиња умираат, родилки умираат, дијабетичарите немаат инсулин, болните од рак не ги добиваат најновите генерации лекови, по клиниките нема основни медицински материјали, амбулантите се руина – а власта на Груевски со ребалансот на буџетот крати 570 милиони денари за здравството, реагира денеска Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за здравство.

Оваа лицемерна власт наместо да гради болници и амбуланти крати 250 милиони денари за изградба на ветуваните со години Клинички центар во Скопје и Клиничка болница во Штип. Крати 17 милиони денари за Тетовската болница и болницата во Кичево. Крати 20 милиони за реконструкција и доградба на здравствени установи и рурални амбуланти. Ете ги на дело лагите на Тодоров и Груевски за наводни нови амбуланти по селата. Крати 96 милиони денари за превентивни програми! Крати пари предвидени за превенција на малигни болести. Крати дури 110 милиони денари за инсулин. Ова е доказ дека и понатаму ќе се набавува поевтин инсулин и со сомнителeн квалитет. Крати средства за дијализа. Крати средства за трансплантација. Помалку пари ќе има за систематски прегледи на ученици. Крати 60 милиони денари за вакцини. Крати дури 49 милиони денари за пациенти со ретки болести. Ова е грижата на Тодоров и Груевски за пациентите со ретки болести – рече таа.

Шахпатска истакна дека нема пари кога е во прашање здравјето на граѓаните, но има пари кога се во прашање удобните фотелји во кои седат кадрите на Груевски.

– Имаат за мебел – дури над 1 милион и 200 илјади евра. Имаат и за дневници – по 42.000 евра на ден! Имаат и по 95.000 евра на ден за ставка „други трошоци и репрезентации“. Ете затоа ќе замине оваа криминална власт. Оваа криминална власт на Никола Груевски ќе ја казнат родителите кои останаа без бебиња, дијабетичарите без инсулин, болните од малигни заболувања без лекови, болните со ретки болести, луѓето кои пешачат по 20 километри до најблиската амбуланта. Граѓаните ќе изберат одговорна влада којашто ќе се грижи за нив и нивното здравје – порача Шахпатска.