(ВИДЕО) Чауш во судот се изјасни : Агенти на УБК ме тепаа и бараа да го наместам Заев!

0
877

Полицијата влезе во судница со камера. Без согласност на судијката, полицајци во цивилна облека денеска го снимаа судењето на Захир Бекири Чауш за аферата со печатење лажни лични карти, патни исправи и други документи, пренесува ТВ21.

На ова реагираше одбраната. Од Републичкиот Судски Совет реагираа на тоа дека не треба да има присуство на полицајци во цивилна облека, а уште помалку снимање. Адвокатот Мирослав Вујиќ, побара од судот материјалот веднаш да се избрише.

Пред судот денеска се изјаснија обвинетите Захир и Имер Беќири. По 18 декември минатата година, кога полицијата извршила претрес во нивниот дом, Захир рече дека бил телефонски контактиран од заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, и дека добил парична понуда.

Понудата, според Захир, била 1 милион евра понудени од страна на ирански државјанин Мајкл Цирик, осомничен како агент на иранските служби, кој живее во Струмица, и е близок до актуелната власт.

Според обвинетиот, тој побарал од Захир Бекири, да прифати да соработува со Зоран Заев за прислушуваните материјали и за аферата со фалсификувањето на личните карти. Ова го негираше Захир и рече дека бил под закана.

Адвокатот Вујиќ рече дека притисокот бил голем од појавувањето на случајот во медиумите за кој се товари Чауш, и дека опремата е обична и може да се купи секаде во земјава.

Обвинетите браќа Бекири рекоа дека добиле барање и од страна на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, да прифатат соработка со Заев за аферите за кои што се обвинети.  Јавното Обвинителство со став дека обвинетите треба да се осудат врз основа на факти. Судењето продолжува в понеделник.

Извор: ТВ21