И по три дена, молк од министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. Нема одговор, зошто едно од најскапите превозни средства во министерството за внатрешни работи, во петокот, слета на приватен имот на територијата на општина Струмица и кој беше во него. Господине Чавков, Претпоставуваме дека како министер за внатрешни работи мора да знаете каде летаат хеликоптерите и за која цел.
Затоа и денеска ве прашуваме: Дали е точно дека во петокот, хеликоптер слета на приватен имот на територијата на општина Струмица? Дали е точно дека тој хеликоптер беше натоварен со раноградинарски производи? И, кој ја издаде наредбата за тоа?
Почитуван министер во заминување, го очекуваме вашиот одговор. Граѓаните на Струмица и Македонија имаат право да ја знаат вистината и да знаат каде се трошат нивните пари. Македонија заслужува чесна, одговорна и транспарентна влада. Влада која што ќе ги почитува и ќе работи за интересите на граѓаните и ќе дава отчет за секој земен денар од нив.
А таква ќе биде новата демократска влада на СДСМ на чело со Зоран Заев, рече на прес конференција Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ од Струмица.