(ВИДЕО) ЦУК НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРЕТСТОЈНАТА СПАСИТЕЛНА ВЕЖБА МРЕЖИЧКО 21 КАЈ СЕЛОТО МРЕЖИЧКО, КАВАДАРЕЧКО

0
248

Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), активно учествуваше на подготовските за СПАСИТЕЛНА ВЕЖБА МРЕЖИЧКО 21 кај селото Мрежичко, Кавадаречко, а е планирано и активно непосредно да учествува во дел од вежбата. Покрј непосредното учество, од страна на организаторите на вежбата, е планирано официјално да почне вежбата со почесен рапорт на Ангелов во 10:30 часот, в недела 09 мај, а со поставување спасителен ешалон, според Агендата за настанот…

Спелеолошка Федерација на Македонија Прилеп, не извести дека тоа што го навестиле на средбата во Центарот за управување со кризи почнуваат и да го реализираат, конкретно: на ден 09.05.2021 г., недела, е планирано да се изведува: „Спасителна вежба Мрежичко 2021“ – спуштање и извлекување на повредени лица од непристапен терен и индустриски алпинизам.

Предвидено е, од страна на организаторите: -8:00 – пристигнување на тимовите – Подготовка на опремата – Подготовка на теренот со поставување на сидришта 10:00 – Пристигнување на Директорите на ЦУК и на ДЗС, Градоначалникот на Општина Кавадарци и Градоначалникот на Општина Прилеп 10:30 – Поставување спасителен ешалон и свечено давање почесен рапорт на в.д. директорот ЦУК, Стојнче Ангелов 11:00 – Изведба на вежбата 12:00 – интерјву со новинари и брифинг за настанот и во 13:00 – разопремување на системот и собирање на опремата.

Активноста опфаќа користење на техниките на единечно јаже (single rope techniques), традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери, и нејзина примена во урбана средина. Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни.

„Спасителна вежба Мрежичко 2021“ е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини.

Инаку, според информациите на организаторот, целосно сценарио на вежбата е следното:

На ден 08 Мај 2021 година, со почеток во 10ч ќе се спроведе спасителна вежба во с.Мрежичко – Кавадарци. Вежбата ќе биде со презентација од три сценарија и тоа:

– Извлекување на повредено лице од пештера, имобилизација на нога, транспорт од пештерата и поставување на жичара преку реката за безбедно транспортирање на лицето до амбулантното возило.

– Спасување на лице заглавено на карпа, каде при тренинг е заглавено на определена висина од карпата.

– Симулација на Индустриски алпинизам и спасување во Урбана средина.

Ќе се презентира подготвеноста на Спасителните тимови, тимската работа заедно со сите опфатени државни институции, брзото делување и подготвеноста на сите припадници кои ќе земат учество во вежбата.

Сценарио 1:

Вежбата започнува во 10ч со што при повик од НН лице кое го известува Центарот за Управување со Кризи има потреба од брза интервенција и помош на негов пријател кој е заглавен во пештерата, има скршено нога, тој е во лоша здраствена состојба и не е способен да е движи сам. Центарот за Управување со Кризи веднаш ги известува спасителните тимови од тој регион. Спасителната служба веднаш се имобилизира, подготвува и се упатува кон местото на несреќата.

Сценарио 2:

Центарот за Управување со Кризи добива повик од НН лице, дека во близина на с.Мрежичко во Кавадарци на место викано Остра Карпа при тренинг на искачување по карпи негов другар се повредува и останува заглавен на високите карпи и хитно е потребно извлекување и спуштање на лицето од карпата. Центарот за Управување со Кризи веднаш ги известува спасителните тимови од тој регион. Спасителната служба веднаш се имобилизира, подготвува и се упатува кон местото на несреќата.

Сценарио 3:

При краток земјотрес и нанос од големо количество на вода од НН лице е пријавено во Центарот за Управување со Кризи дека во с.Мрежичко – Кавадарци е урнат дел од патот и железната конструкција за пренесување на руда од фабриката ФЕНИ, направено е големо свлечиште има настрадани неколку лица. Хитно е потребно извлекување и помош за спасување и извлекување на лицата. Центарот за Управување со Кризи веднаш ги известува спасителните тимови од тој регион. Спасителната служба веднаш се имобилизира, подготвува и се упатува кон местото на несреќата.

По добиениот повик од Центарот за Управување со Кризи, Спасителната служба веднаш ги имобилизира своите припадници и сите спасителни тимови се подготвуваат и се упатуваат кон местото на настанот. Во с. Мрежичко се поставува базен Штаб кој ги координира сите спасителни тимови, добива известувања и издава наредби и инструкции за спасување на лицата. Веднаш по пристигнување на местото еден тим го подготвува Штабскиот шатор каде во него ќе се прави брифинг, се собираат информации, се издаваат наредби и задачи што како и кои работи да се превземат и да се работат. Во Штабот се наоѓаат сите одговорни лица, каде веднаш по брифингот и упатства за работа сите раководители ја пренесуваат информацијата на нивните тимови и постапуваат по план за работа. Штабот е поставен во непосредна близина на местото на настанот.

Работа по тимови:

– Тимот за спасување во пештера се упатува кон пештерата Темна каде се случила повредата на лицето. Веднаш при пронаоѓање на лицето кое се наоѓа на околу 120 метри во длабочина на влезот од пештерата, најпрво е дадена прва помош на лицето и е извршена мобилизација на нога, лицето е ставено во спасително носило каде е транспортирано до влезот на пештерата, а од тука преку предходно подготвената жичара преку реката го превзема другиот тим и го транспортира до патот каде чека амбулантното возило и го предава на медицинскиот тим.

– Тимот за спасување на повреденото лице кое е заглавено на високите карпи веднаш се упатува и продолжува со качување и поставување на систем за извлекување на лицето кое е заглавено во карпите. На лицето му е дадено прва помош, направена е имобилизација на раката и е пренесено до безбедна локација каде треба да стигне хелихоптерот за брз транспорт до најблиската болница.

– Тимот за спасување на лицата кои се заглавени во насипот од кал и железната конструкција се упатува кон местото каде се распоредуваат во неколку тимови од кои првиот тим е за потрага на лицата и нивно пронаоѓање, вториот тим се подготвува да постави жичара преку објектот бидејќе е невозможно да се изведе транспорт на лица поради големиот одрон и рушевини од објектот. Лицата се пронајдени и се ставени во спасително носило, а транспорт се врши преку жичарата до безбедно место за да се предадат на амбулантното возило и медицинските тимови.

Целта на оваа вежба е претставување на нашите тимови, нивната подготвеност, професионалност и посветеност кон работата. Презентации на Техниките на единечно јаже, нивна примена и значење во работата на терен при помош, извлекување и спуштање на повредени лица во било какви услови во рурална и урбана средина, дење и ноќе, во вода и под земја и слично. Како и иницијатива за формирање на Државна Спасителна служба која ќе биди достапна 24 часа во било кое време и било какви услови на територијата на цела држава Р.С Македонија како и поддршка во интервенции и помош на меѓународните акции во други држави.

Опрема за Предлог на сценарио.

1. Логистичка Опрема

  • Штабски шатор
  • Тенди
  • Огласна табла
  • Лаптоп
  • Телевизор
  • Кабли за струја
  • Ламби
  • Агрегат
  • Гориво
  • Маси
  • Знаме
  • Маркети, флипчарт

2. Возила и превоз

  • Амбулантно возило
  • Теренски возила – 4 џипови

3. Опрема за учесниците, сценографија и заштита

  • Заштитни одела
  • Комбилизони
  • Шлемови
  • Чизми
  • Нараквици
  • Ветровки
  • Алати за работа (Лопати, Копачи)
  • Носила за спасување и извлекување
  • Јажиња за спасување
  • Спасителни појаси комплет
  • Моторна пила

4. Опрема за заштита од Ковид 19

  • Заштитни ракавици за сите учесници
  • Заштитни маски
  • Дезинфекциони средства
  • Држење на растојание

5. Опрема за емитување и пренос во живо

  • Камери
  • Фотоапарат
  • Дрон
  • Wifi пренос и интернет