(ВИДЕО) Царовска: Почна исплатата на зголемената социјална помош, гарантиран минимален приход земаа 25.794 домаќинства

0
396

Започна исплатата на зголемената социјална помош согласно правата предвидени со новата социјална реформа. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека денеска 25.794 домаќинства на нивните трансакциски сметки добија гарантиран минимален приход, која што за поголемиот дел од нив е зголемена за 100%. На сите овие домаќинства коишто имаат деца дополнително им е исплатен и детски и образовен додаток. Аплицирањето за новите права е се уште во тек и очекуваме овие бројки да продолжат со растат.