(ВИДЕО) Царовска : Повисока минимална плата за помирен живот на околу 50.000 работнички семејства!

0
468

Денеска сме на средба со текстилни рабитнички од општина Штип. На оваа средба дојдодвме да ги слушнеме нивните маки. Тие земаат минимална плата од само 9.000 денари. Од разговорот со Тања и Кристина заклучувам дека со таа мизерна плата тие и нивните семејства едвај го преживуваат месецот. Македонските работници заслужуваат да живеат, а не да преживуваат. Ова не е само нивен проблем. Нивната судбина ја делат 50.0000 работнички семејства.

Затоа, идната Влада се обврзува дека минималната плата, уште во првиот мандат ќе ја зголеми од 9.000 на 16.000 денари. Разликата ќе се почувствува веднаш, уште во април 2017 година, кога мининалната плата ќе ја покачиме на 12.000 денари. Оваа мерка ја предлагаме токму да им помогнеме на овие граѓани, за полесно да ги покријат трошоците за храна и сметки. Дополнително, најавуваме дека граѓаните кои имаат пониски примања ќе плаќаат и пониски даноци. Поради тоа што така е праведно.

За да нема отпуштања на вработени, фирмите ќе бидат поддржани од државата.

Секој работодавач којшто ќе исплати бруто минимална плата, уште во првата година ќе има поврат од 1900 денари.

Одговорно тврдиме, дека нема да дозволивме да има повеќе вакви неправди.